Достапни линкови

Уличната демократија и граѓанската непослушност нема да ни донесат ништо добро, туку ќе ја продлабочат кризата во земјава, предупредуваат политичките аналитичари.

Уличната демократија и граѓанската непослушност нема да ни донесат ништо добро, туку ќе ја продлабочат кризата во земјава, предупредуваат политичките аналитичари. За некои од нив, ваквите акции од страна на опозицијата имаат за цел преку уцена да се предизвика распишување на вонредни парламентарни избори, како последен обид да се симне актуелната власт, уверува политичкиот аналитичар Соња Стојадиновиќ.
Кај нив не игра улога политичката свесност и одговорност кон своето гласачко тело, туку игра улога егото и угледите. Ако сега Груевски го прифати притисокот на опозицијата и рече нема проблем јас сега распишувам вонредни парламентарни избори, тој ќе падне во очите на своето гласачко тело.

„Бранко ќе игра на таа карта, со уцена, бидејќи со уличната демократија не можеме многу, многу да постигнеме затоа што и понатаму ќе има насилство, бидејќи народот е многу поделен, што е многу трагично.“

Јасна е целта на опозицијата, вели универзитетскиот професор Арсим Синани. Таа е симнување од власт на актуелниот премиер Никола Груевски, но целта не секогаш ги оправдува средствата, вели Синани.

„Ненаоѓањето на консензус во парламентот вметнува улична демократија и сега со уличната демократија ни излагаат многу проблеми кои ќе ја продлабочат кризата, на Македонија не и е потреба оваа криза во моментот.“

Стојадиновиќ не гледа шанси двете крајно спротиставени страни да дојдат до некаков договор. Свеста на политичките лидери во земјава е многу ниска, а во донесувањето на политичките одлуки пресудна е суетата, вели таа.

„Кај нив не игра улога политичката свесност и одговорност кон своето гласачко тело, туку игра улога егото и угледите. Ако сега Груевски го прифати притисокот на опозицијата и рече нема проблем јас сега распишувам вонредни парламентарни избори, тој ќе падне во очите на своето гласачко тело.“

Во моментот не гледам дека може да се случи да седната на маса. Не гледам дека кризата може да се реши, ако нема инсистирање од меѓународниот фактор.
Според Синани, единствениот начин да се избегнат негативните последици и продлабочување на кризата, е да се седне на маса и двете страни да се обидат да дојдат до некаков договор и разумно решение. Иако е тоа единствениот излез и Синани е уверен дека со оглед на политичкиот инает на власта и опозицијата тоа нема да се случи, освен ако како што вели тука не се вклучи меѓународниот фактор.

„Во моментот не гледам дека може да се случи да седната на маса. Не гледам дека кризата може да се реши, ако нема инсистирање од меѓународниот фактор. “

Опозицијата вчера ги почна најавените блокади на улиците низ сите поголеми градови и граѓанска непослушност. Претходно, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски изјави дека нема да прифати ниту лидерска средба за да се разговара за радикализацијата на политичката ситуација, ниту институционално решавање, ниту избори. Премиерот Груевски одговори дека власта е подготвена за сите можни сценарија, истакнувајќи дека во државата владеат законите.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG