Достапни линкови

Нимиц доаѓа со идеи во Атина и Скопје


Според грчкиот весник „Етнос“, Медијаторот во спорот за името Метју Нимиц за време на престојната посета на Грција и Македонија по новогодишните празници, ќе се обиде да ги притисне двете влади да донесат критични одлуки и да се ослободат од одговорноста за нов ќор-сокак кој би можел да доведе до сериозни ефекти во НАТО и ЕУ, јави МИА.
Според весникот, предлогот би вклучувал географска одредница, без да се знае дали тоа ќе биде префикс на „Македонија“ или на „Република“, а нема воопшто да задира во прашањата за идентитетот и јазикот. Како противтежа на тоа, велат, предлогот ќе го покрие опсегот на употреба.
„Нимиц е насочен да предложи име за билатералните односи и меѓународните организации и необврзувачка препорака за употреба на билатерално ниво, додека одбегнува какво било вклучување на евентуалното решение во уставот на ФИРОМ, пишува „Етнос“.Весникот коментира и дека овој пат процесот на преговори ќе биде запишан и во извештајот на комесарот за проширување Штефан Филе.
XS
SM
MD
LG