Достапни линкови

Официјално потврдено: референдумот во Египет успешен


Египетските гласачи со големо мнозинство го одобрија новиот устав поддржан од исламистите, на референдумот на кој одзивот беше помалку од една третина. Официјалните резултати покажуваат дека 63,8 насто од гласачите го поддржале усвојувањето на уставот, а излезноста била околу 33 проценти од 52-та милиона регистрирани гласачи. Според официјални претставници, не се регистрирани сериозни нерегуларности кои би влијаеле на конечниот резултат.
Поддржувачите на документот, меѓу кои и претседателот Мухамед Морси и Муслиманското братство, соопштија дека уставот ќе го отвори патот кон стабилност и економска преродба.
Поддржувачите на прореформската опозиција и натаму не го прифаќаат уставот, велејќи дека тој ги крати загарантираните универзални права и заштитата на жените и малцинствата.
По усвојувањето на уставот, се очекува парламентарни избори да бидат одржани за два месеца.
XS
SM
MD
LG