Достапни линкови

logo-print

Човечки остатоци во запалената куќа во Њујорк


Полицијата на американската сојузна држава Њујорк соопшти дека нашла човечки остатоци во запалената куќа на човекот кој уби двајца пожарникари откако си го запали домот. Претставник на полицијата изјави дека верува оти остатоците се од 67-годишната сестра на две години постариот Вилијам Спенглер, кој во понеделникот подметна пожар во својот дом во градот Вебстер, во близина на Рочестер.
Полицијата соопшти дека тој пукал во пожарникарите кои го гаселе огнот, при шти убил двајца и ранил уште двајца, а подоцна се самоубил. Спенглер имал оставено порака дека планира да убие луѓе.
Тој претходно имал одлежано казна затвор од 17 години, за убиство на својата баба во 1980 година.
XS
SM
MD
LG