Достапни линкови

ОБСЕ бара пратениците и партиите да се воздржат од насилство


В.д амбасадорката на ОБСЕ во Македонија Наталија Дрозд ги повика сите засегнати, вклучувајќи ги и пратениците, нивните партии и јавноста во целина да се воздржат од насилство и да ги користат сите расположиви правни средства за мирно решавање на актуелните политички несогласувања.

„Мисијата на ОБСЕ апелира до сите партии да ја почитуваат функцијата на Парламентот како место за мирни политички говори и да се воздржат од насилство. Исто така е клучно да се почитува правото на новинарите да ги извршуваат нивните професионални задачи“, вели амбасадорката Дрозд во соопштението до јавноста.
XS
SM
MD
LG