Достапни линкови

logo-print

МВР - Собраниското обезбедување постапи крајно професионално


Инцидентите во собраниската сала, соопшти МВР, започнаа кога некои од пратениците со насилно и недолично однесување се обидоа да го блокираат одржувањето на закажаната седница и да го оневозможат мнозинството да ги извршува обврските кои произлегуваат од функцијата и мандатот што им го доверија граѓаните. Според нив, имало и напад врз институцијата Претседател на Собранието.

Од собраниското обезбедување, согласно Законот за Собрание и Деловникот за работа на Собранието, било побарано да се обезбедат услови за одвивање на седницата, се наведува во соопштението. Собраниското обезбедување, според сите протоколи за работа, тврди МВР, постапи крајно професионално и создаде ред во салата овозможувајќи мнозинството пратеници да работат, иако имаше насилни и агресивни испади и провокации кон нив.

Во наредниот период, МВР ќе ги анализира сите снимки и против сите одговорни ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштува МВР.
XS
SM
MD
LG