Достапни линкови

ДУИ - Опозицијата да ги смири тензиите за да продолжиме со реформите за ЕУ

Macedonia-Protests in front of and around the Assembly of the Republic of Macedonia, where there are several thousand people, supporters of the government and the opposition, had come to press for the state budget for 2013.

Настаните во и надвор од Собранието не придонесуваат во правец на заедничките определби на сите политички партии и на граѓаните на Македонија, реагира ДУИ.

Во партиското соопштение се наведува дека политичките разлики и спротивставувања на ниту еден начин не смеат да ги загрозуваат основните функции на државата, како и благосостојбата и мирот на граѓаните во земјата.

„Донесувањето на буџетот е еден од основните предуслови за функционирање на државата и затоа сметаме дека овој есенцијален документ не смее да биде aлатка за дневно политичко поткусурување и добивање на политички поени“, стои во денешното соопштение.

ДУИ апелира до опозицискиот „Сојуз за иднината“ да ги спушти тензиите, „со цел да се создаде амбиент за продолжување на реформите согласно препораките на ЕУ“.
XS
SM
MD
LG