Достапни линкови

logo-print

Црвенковски - Полчасовни протести секој ден


Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски најави дека опозициската коалиција „Сојуз на иднината“ преминува на поинаков начин на дејствување, како што рече, соодветен на приликите и карактерот на овој режим. СДСМ, секој ден до петок, ќе организира полчасовни блокади на клучните сообраќајници во сите градови во Македонија, а в сабота напладне ќе протестира пред седиштето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. Црвенковски најави дека ќе организираат и поддржуваат секаков облик на граѓански отпор и непослушност и дека ќе организираат и поддржуваат секаков вид на митинзи, протести и блокади на сообраќајници. Крајната цел е враќање на уставниот поредок и демократијата во Македонија, а за тоа да се случи, рече Црвенковски, овој тоталитарен режим ќе мора да си замине.
XS
SM
MD
LG