Достапни линкови

Курдите и ирачката влада повторно во спор за нафтата


Властите во автономната област Курдистан на северот на Ирак соопштија дека го прекинуваат извозот на нафта поради спорот за плаќање со Багдад. Со тоа се засилуваат тензиите меѓу Курдите и централната ирачка влада предводена од Арапи. Од американската инвазија во 2003 година, Курдите унилатерално склучија повеќе од 50 договори со странски нафтени компании, а официјален Багдад тврди дека немаат право на тоа. Во 2011 година, двете страни се договорија Курдистан да ја испраќа нафтата во Багдад, продажбата да оди преку ирачката влада, а курдската влада да добива процент од продажбата. Курдските власти соопштија дека Багдад им должи околу 300 милиони долари.
XS
SM
MD
LG