Достапни линкови

Нови заеми за враќање на старите


Архивска фотографија-Министерот за финансии Зоран Ставрески потпишува договор за заем со Светската банка
Архивска фотографија-Министерот за финансии Зоран Ставрески потпишува договор за заем со Светската банка

Ниската задолженост не треба да значи и понатамошно задолжување, велат експертите. Дополнителен или главен проблем е што задолжувањата не се прават за инвестиции во стопанството или инфраструктурата кои можат да ги вратат парите, додаваат тие.

Дури и Македонија да е се уште ниско задолжена, како што тврди владата, а средно задолжена земја според експертите, никаде не пишува дека тоа автоматски значи понатамошно задолжување, вели професорот Сашо Арсов. При тоа треба да се има на ум дека во калкулациите главно се зема предвид само надворешниот долг, состојбата е многу поинаква ако се вкалкулира домашниот долг, потенцира економскиот аналитичар Висар Адеми. Втората лоша димензија на задолжувањето е што тоа се прави за исплата на тековните трошоци. Товарот ќе падне на идните генерации, тогаш кога долговите ќе доспеат за исплаќање, едногласни се експертите.
Никако не може да се оправда она што го кажува министерот, мислам сосема е невистина такво нешто да се тврди, затоа што парите се земаат од едни, а се враќаат на други субјекти. Прво треба да се има предвид дека парите се враќаат на други субјекти затоа што државата им останала должна на тие субјекти.
Сашо Арсов, универзитетски професор.

„Секој прибран денар во буџетот се враќа во економијата. Сите пари што доаѓаат во буџетот веќе следниот ден или следните денови се исплаќаат на фирмите за поврат на ДДВ, се исплаќаат на градежните компании што работат на проектите, се исплаќаат во вид на субвенции за земјоделците, се исплаќаат на фирмите што градат училишта, реконструираат болници и слично“, рече министерот за финансии Зоран Ставрески, пред неколку дена на прашање во врска со постојаните задолжувања, од кои во петокот бевме информирани дека се направени во висина од 100 милиони евра. А, за денеска се најави ново задолжување од стотина милиони евра на домашен терен.

Инвестирање во култура и во давање на емоции на една структура на луѓе, не гледам дека на долг рок ќе може да донесе некаков ефект во самата економија.
Висер Адеми, економски аналитичар.
„Никако не може да се оправда она што го кажува министерот, мислам сосема е невистина такво нешто да се тврди, затоа што парите се земаат од едни, а се враќаат на други субјекти. Прво треба да се има предвид дека парите се враќаат на други субјекти затоа што државата им останала должна на тие субјекти. И министерот прво треба да одговори зошто државата им останала должна, зошто не ги враќала тие пари навреме“, вели професор Сашо Арсов.

Фактот дека постојано недостасуваат по 200 до 300 милиони евра во буџетот поради кои треба да се задолжуваме говори дека постојано има некој внатрешен долг којшто не е никаде прикажан, коментира Арсов.

На овој начин државата не се раздолжува туку се повеќе се задолжува што не смее да се занемари како опасност зошто ова не е показател кој треба да се базира на статистиката туку на специфичностите на економијата. Дополнителен или главен проблем е што задолжувањата не се прават за инвестиции во стопанството или инфраструктурата кои можат да ги вратат парите, додава аналитичарот Адеми.

„Инвестирање во култура и во давање на емоции на една структура на луѓе, не гледам дека на долг рок ќе може да донесе некаков ефект во самата економија“, вели Адеми.
XS
SM
MD
LG