Достапни линкови

Демократијата меѓу државен удар и диктатура


Во јавноста за вчерашните настани се претставија две слики. Eдната е таа на власта дека спречиле државен удар, а другата на опозицијата, која вчерашните случувања ги оцени како диктатура. Тоа ја суспендира демократијата, велат аналитичарите.

Вовед во поголема политичка криза се вчерашните настани во Собранието и надвор од него, оценија експертите. Ако еднаш се случи вакво нешто да се донесе буџет без опозиција и без медиуми, ништо не спречува ваков исход да добијат и други закони како на пример законот за бранителите, велат аналитичарите.
Апсолутно не може да се прави паралела меѓу оспорувањето на буџетот и државен удар, тогаш ако така се гледа тогаш се подготвува државен удар и во САД, затоа што таму имаме подолг спор за буџетот меѓу републиканците и демократите, дури има и оспорување на некои законски решенија.

Тие објаснуваат дека со вчерашните настани е суспендирана демократијата во земјава. Во јавноста се претставија две слики едната е таа на власта дека спречиле државен удар, а другата на опозицијата која вчерашните случувања ги оцени како диктатура и режим кој мора да се симне, а народот остана некаде помеѓу.

Аналитичарот Алберт Муслиу вели дека е неодговорно да се прави паралела меѓу оспорување на буџетот и државен удар затоа што во уставот се предвидени законски решенија во случај на недонесување на буџет.

„Апсолутно не може да се прави паралела меѓу оспорувањето на буџетот и државен удар, тогаш ако така се гледа тогаш се подготвува државен удар и во САД, затоа што таму имаме подолг спор за буџетот меѓу републиканците и демократите, дури има и оспорување на некои законски решенија.“
„Поради предизборна атмосфера, поради веќе создадена тензија, поради овие настани може да се очекува уште повеќе да се наелектризира атмосферата и дури може да се претпоставува дека демократските механизми за спроведување на изборите ќе бидат загрозени бидејќи владата покажа како лесно може да ги игнорира демократските стандарди ако тоа оди во нејзин прилог.

Тој додава дека парламентарната демократија подразбира несогласувања.

„Второ кај нас многу лесно се применува физичката сила, тоа не е не примерно, туку тоа е неприфатливо за една држава која тежнее да стане
членка на ЕУ. Ние не можеме да се однесуваме со манири на минатиот век и на минатиот систем а да тврдиме дека сме држава која со право тежнее да стане членка на ЕУ. Тие се парадоксални моменти.“

Професор Здравко Савески, вели дека вчерашните настани ќе ја продлабочат кризата и дека ќе се прелеваат и во надворешната политика односно дека се загрозени и евроинтегративните процеси. Од друга страна, може да се очекува и дополнително тензична атмосфера во предизборието.

„Поради предизборна атмосфера, поради веќе создадена тензија, поради овие настани може да се очекува уште повеќе да се наелектризира атмосферата и дури може да се претпоставува дека демократските механизми за спроведување на изборите ќе бидат загрозени бидејќи владата покажа како лесно може да ги игнорира демократските стандарди ако тоа оди во нејзин прилог.“

Савески смета дека сега постојат легални механизми со кои опозицијата може да дополнително да го оспори буџетот на Уставен суд поради прекршување на деловничката процедура.

„Но имајќи предвид дека во Уставен суд има мнозинството од парламентарното мнозинство и Владата односно дека се оценува оти Уставен суд е веќе контролиран од Владата оваа веројатност не е голема.“

Тој додава дека вчера се случи обид на граѓани да го остварат уставното право на протест и кршење на демократски принципи при што власта ја префрли топката за прекршувањето на демократијата на опозицијата.

Видеото е снимено од пратеничка од опозицијата поради тоа што новинарите беа исфрлени од галеријата за да не можат да ги следат случувањата.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG