Достапни линкови

Македонските стопанственици бараат усогласување на Божиќ со Западот


Католичките верници денеска го слават христовото раѓање, Божиќ, а во католичките храмови се одржуваат свечени литургии. Македонските стопанственици повторно ја актуелизираа иницијативата за усогласување на православниот со католичкиот Божиќ во Македонија. Тие сметаат дека таков потег ќе им помогне на фирмите, особено на извозно ориејнтираните, бидејки во западниот свет божиќните и новогодишните празници се слават од 24-ти декември до први јануари, а во Македонија од први до седми јануари. Поради таквиот расчекор, велат стопанствениците, речиси две недели запира секаква извозно увозна активност, што е на штета на стопанството. Некои православни цркви, меѓу кои и Грчката и Бугарската, го заменија Јулијанскиот со Грегоријанскиот календар.
XS
SM
MD
LG