Достапни линкови

Индија се крена против насилството врз жените


Властите во Индија соопштија дека еден полицаец им подлегнал на повредите здобиени за време на судирите со демонстрантите во Њу Делхи. Во демонстрациите што избувнаа во Њу Делхи во неделата, по силувањето на една девојка во автобус, дојде до судири со полицијата, при што беа повредени над 50 полицајци. Индискиот премиер Манмохан Синг повика на смиреност и се заложи за казнување на силувачите.
XS
SM
MD
LG