Достапни линкови

logo-print

Груевски-спречен обид за уривање на власта


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски при вчерашното обраќање до нацијата рече дека приказната за буџетот на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски била параван за тој да ја започне неговата последна лична битка за преживување во политиката. Според Груевски се случил првиот неуспешен насилен обид за рушење на демократските институции и легитимно избраната власт на слободни и фер избори пред година и половина. Премиерот оцени дека на Црвенковски му се спротиставил народот и не му дозволил заедно со неговите приврзаници на сила да ја освои власта.
Груевски нагласи и дека исходот е донесувањето на Буџетот и законите со кои ќе се овозможи од март идната година зголемување на пензиите и социјалната помош.
XS
SM
MD
LG