Достапни линкови

Брахими - Ситуацијата во земјата останува загрижувачка


Меѓународниот пратеник за Сирија Лахдар Брахими.

Меѓународниот пратеник за Сирија Лахдар Брахими.

Меѓународниот пратеник за Сирија Лахдар Брахими изјави дека ситуацијата во земјата останува загрижувачка, по неговата денешна средба со претседателот Башар Ал-Асад. Брахими не соопшти детали од разговорите. Тој изрази надеж дека „сите страни ќе се движат кон решение на што сиријскиот народ се надева и го очекува“. Активистите велат дека во 21-месечниот конфликт во Сирија досега биле убиени околу 40 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG