Достапни линкови

Опозицијата надвор од Парламентот, за ВМРО-ДПМНЕ спречен државен удар


Протести пред и околу Собранието на Република Македонија каде се наоѓаат неколку илјади луѓе, поддржувачи на власта и на опозицијата, дојдени за да извршат притисок за државниот буџет за 2013-та.

Протести пред и околу Собранието на Република Македонија каде се наоѓаат неколку илјади луѓе, поддржувачи на власта и на опозицијата, дојдени за да извршат притисок за државниот буџет за 2013-та.

СДСМ најави дека не се враќа во Парламентот и повика на граѓанска непослушност. ВМРО-ДПМНЕ, пак, соопшти дека бил спречен државен удар од опозицијата.

Опозицијата не се враќа во Собранието, а лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски повика на граѓанска непослушност. Ова е епилогот по усвојувањето на буџетот за наредната година во Собранието без пратениците од опозицијата кои претходно беа отстранети од седницата.
Овој ден ќе се памети како трагичен и како голем во историјата на македонскиот народ, затоа што од денеска нема Устав, закон, нема парламент, влада, нема демократија. Има еден диктаторски режим од едната страна и народот од другата страна.

„Овој ден ќе се памети како трагичен и како голем во историјата на македонскиот народ, затоа што од денеска нема Устав, Закон, нема Парламент, Влада, нема демократија. Има еден диктаторски режим од едната страна и народот од другата страна“, рече Црвенковски.

Тој рече дека Груевски седум години го дели овој народ по сите основи, верници - неверници, предавници - патриоти, антички и словенски Македонци...

„Денеска Груевски го направи пресудниот чекор, од денеска Македонија си го доби својот Милошевиќ. Денеска беа тепани новинари, пратеници, народ, денеска го свртеа народот еден против друг, да предизвика крвопролевање, судир, конфронтација. Па Груевски, ако сакаш да бидиш Милошевиќ ќе си го добиеш својот 5 октомври“, реча лидерот на СДСМ.
Од денеска нема парламент и нема наши пратеници во парламентот, додаде тој.

„Денeска е голем ден затоа што патот ни е чист, повеќе нема дилеми, знаеме со кого си имаме работа и кој е единствениот начин како да се справиме, од утре почнува граѓанска непослушност, општонародно востаниe за слобода, демократија, за Македонија, за иднина.“

Црвенковски на крајот порача дека ги чека тешка битка, во која тие ќе излезат како победници и дека додека дише нема да се повлече од партијата.
Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ оценија дека победа извојувал разумот и бил спречен обид за државен удар од страна на Црвенковски кој заедно со пратениците од СДСМ ја суспендирале демократијата во државата.
Разумот го заменија со насилство, провокации и рушење на легитимно избрана власт, зад која стојат граѓаните кој го дале својот глас на легални избори. Тие насилно сакаат да соборат и да ја освојат власта, носејќи луѓе од внатрешноста, мобилизирајќи поддржувачи кои дел од нив дури се со дебело криминално досие

„Разумот го заменија со насилство, провокации и рушење на легитимно избрана власт, зад која стојат граѓаните кој го дале својот глас на легални избори. Тие насилно сакаат да соборат и да ја освојат власта, носејќи луѓе од внатрешноста, мобилизирајќи поддржувачи кои дел од нив дури се со дебело криминално досие“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, институциите покажале ефикасност, а народот победил, покажал зрелост но и одлучност да се каже не на политичките сили, кои цели дваесет години ја влечат назад државата.

„Ова е последниот обид за спас на личната кариера на Црвенковски и на малата група на политичари околу него, кои се борат за моќ и лична корист. Ова е очаен обид на потрошен политичар кому и на изразот на лицето му се гледа дека не е при здрава свест, Собранието не е на СДСМ, не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа му припаѓа на народот. Нападот на Собранието е напад врз граѓаните“, соопштуваат во ВМРО-ДПМНЕ.

Буџетот и покрај тензичната атмосфера пред и во Собранието беше усвоен со 65 гласови за, четири против и ниту еден воздржан. Полицијата во цивил претходно ги острани пратениците од опозицијата кои ја запоседнаа говорницата.

„Влегоа едно 15-20 полицајци облечени во одела и веднаш почнаа без предупредување да не влечат. Ние бевме во кордон да не дозволиме да се одржи, затоа што не ни беше овозможено и наше учество со картички. Тие почнаа да не влечат, ние со рацете назад не сакавме да правиме отпор, затоа што сметаме дека полицајците не се толку виновни, колку што е виновен тој што им дал наредби“, вели Миле Андонов пратеник на СДСМ.

Во обидите да се отстранат пратениците, според Андонов повредени се Радмила Шеќеринска, Митре Вељановски и Маринела Тушева од СДСМ, како и други членови на опозицијата кои поминале со полесни повреди.

„Ние сите имаме по некоја модринка, меѓутоа мажи сме, нема да се жалиме, затоа што пак ќе кажам, полицијата си ја вршеше својата валкана работа, порачана од своите валкани работодавачи.“
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски рече дека имало обиди и тој да биде повреден, а уништена е и техниката во Собранието, но на крајот беше задоволен од усвојувањето на буџетот.

„Собранието го донесе буџетот на Република Македонија. Најголем аплауз треба да им се даде на граѓаните на Република Македонија. Сето ова што треба да го направивме, го правиме за граѓаните, јас сум цврсто уверен во тоа“, рече Вељаноски.

Седницата се одвиваше без присуство на новинари кои претходно беа отстранети од редарската служба на што реагираа од здруженијата за медиуми. Опозицијата си отиде незадоволна, а приврзаниците на власта и членовите на Народниот фронт останаа пред Собранието и со музика го прославија усвојувањето на буџетот.

Во меѓувреме со реакција се огласија и ЕУ и амбасадата на САД во Скопје, кои бараат крај на какви било агресивни и провокативни акции.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG