Достапни линкови

Буџетот усвоен со сила


Буџетот за следната година е усвоен и покрај сè. Тој е донесен во тензична атмосфера и пред и во Собранието.

Собранието со 65 гласови „за“, ниту еден воздржан и четири гласови против го усвои буџетот за следната година. Седницата се одржа без пратениците од опозицијата кои претходно беа остранети од собрансиската седница, како што велат опозиционерите, од страна на полициски сили во цивилна гардероба.
Собранието го донесе буџетот на Република Македонија. Најголем аплауз треба да им се даде на граѓаните на Република Македонија. Сето ова што треба да го направивме, го правиме за граѓаните, јас сум цврсто уверен во тоа.

„Собранието го донесе буџетот на Република Македонија. Најголем аплауз треба да им се даде на граѓаните на Република Македонија. Сето ова што треба да го направивме, го правиме за граѓаните, јас сум цврсто уверен во тоа“, рече Вељаноски.

Полицијата во цивил, велат опозиционерите, ги отстрани пратениците од опозицијата кои претходно ја запоседнаа говорницата. Во обидите да се остранат пратеници се повредени пратеничката Радмила Шеќеринска и пратеникот Митре Вељановски од СДСМ. На почетокот на седницата

Претседателот Трајко Вељановски рече дека имало обиди и тој да биде повреден, а уништена е и техниката во Собранието, па собранискиот пренос десетина минути одеше без тоа.

Седницата се одвива без присуство на новинари кои претходно беа остранети од редарската служба. На остранувањето на новинарите реагираат од здруженијата за медиуми.

Претходно во меѓусебните турканици настрадаа и пратеничките од опозицијата, Весна Бендеска и Билјана Казанџиска, кои со итна помош се пренесени во ургентен центар. Од СДСМ велат дека повредите се добиени од обезбедувањето на Вељаноски.

​Во меѓувреме вриеше и пред Собранието, каде на неколку места имаше инциденти, повредени се неколку граѓани. Двете толпи собрани пред Градската болница во Скопје, се ѓаѓаа со камења, со јајца и со шишиња. Во меѓусебната пресметка се повредени двајца од приврзаниците на опозицијата. Полициски кордон кој ги одвојува двете групи со сосема спротивставени ставови за буџетот уште повеќе ја зголеми дистанцата меѓу групите за да не дојде до поголеми инциденти.

Меѓу поддржувачите на опозициските ставови, се наоѓаат сите лидери на опозицијата. Откако беше повредена еден од страна на опозицијата, полицијата прво не дозволи тој да биде изнесен од топлата, но по негодувањата и извиците, тој беше изнесен, а полициското присуство се зголеми.

Пратениците од опозицијата се надвор пред Собранието со нивните поддржувачи.

Портпаролот на МВР Иво Котевски изјави дека протестот на опозицијата не бил најавен во законски предвидените 48 часа пред одржувањето.

„Тоа не го испочитува лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски кога вчера наеднаш одлучи да излезе со неговите поддржувачи на протест за да исценира инциденти“, додаде Котевски.​
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG