Достапни линкови

Опозицијата ги проби заштитните огради пред Собранието


Приврзаниците на опозицијата попладнево ги пробија заштитните огради и се тргнаа кон групата која протестира кај порта „Македонија“. Интервенира полицијата која засега успева да одржи тампон зона меѓу двете групи протестанти.

Први преку металните препреки скокнаа претседателот и потпретседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски и Зоран Заев, а по нив и целата група симпатизери на опозицијата. Групата тргна покрај Собранието кон групата на граѓани кои протестираа против недонесувањето на буџетот пред порта „Македонија“. Со брза интервенција на специјалните полициски сили од Единицата за брзо распоредување демонстрантите од опозицијата беа потиснати назад и се вратија на нивната првобитна положба.

Продолжуваат навредливите довикувања од едната и од другата страна и меѓусебното каменување. Досега се повредени четири лица кои се пренесени во Градската болница, јави МИА.
XS
SM
MD
LG