Достапни линкови

logo-print

ССНМ бара итен и непречен пристап на новинарите во Собранието


Итен и непречен пристап на новинарите во Собранието бара Самостојниот синдикат на новинари и медиумските работници.

„Затворање на собраниска седница и насилно исфрлање од страна на полицијата и обезбедувањето на новинарските екипи од вообичаените просториите од каде се следат седниците на парламентот значи нивно попречување на работата и нивниот професионален ангажман, а воедно значи забрана за вистинито и објективно информирање за настаните кои ја засегаат јавноста. Работата на собраниските известувачи е нивна професионална обврска и задача и поради тоа ги повикуваме институциите да им овозможат на новинарите, снимателите и фоторепортерите да им овозможат да ја извршуваат својата работна задача. Исфрлањето на новинарските екипи од парламентот во моментот кога таму се случува настан од интерес на јавноста е досега непознат преседан за новинарската професија“, се вели во соопштението од ССНМ.

Синдикатот најави дека, ако на медиумите не им биде овозможено непречено да ја извршуваат својата работна задача ќе ги информира сите релевантни домашни и меѓународни организации за заштита на новинарите.
XS
SM
MD
LG