Достапни линкови

2012 - инспиративна за науката и технологијата


2012 беше фасцинантна година во областа на науката и технологијата. Како што пишува нашиот дописник од Вашингтон, Ричард Солаш, изобилуваа експерименти, изненадувања и откритија кои ја инспириараа и пошироката јавност.

Од површината на Марс до најдлабокото место на Земјата, и од бујните дождовни шуми на Нова Гвинеја до елегантните 3D лаборатории за печатење, науката и технолошките откритија во 2012 се родија на различни места. Карактеристика на откритијата беше нивната способност да изненадат и да ги инспирираат и истражувачите и пошироката јавност.

Кјуриозити

Кјуриозити или „љубопитност“, летало на плутониум на НАСА, по едногодишно патување успеа во едно од најкомплицираните слетувања досега на Марс август 2012. Опремен со врвни инструменти за пребарување на докази за прастар живот, па дури, можеби, и знаци на микробен живот денес, Кјуриозити, научна лабораторија со шест тркала, не разочара. Роверот беше топ вест во септември кога по неговата анализа на чакалот на Марс утврди дека водата, клучна состојка за живот каков што ние го знаеме, некогаш течела на црвената планета.
Space - Curiosity landed on Mars, 06August2012
Space - Curiosity landed on Mars, 06August2012

Научникот на Кјуриозити Ребека Вилијамс изјави:

„Овие форми кои ги гледаме тука имаат заоблена форма. Овие се премногу големи за да бидат транспортирани од ветрот. Научнички консензус е дека тие се траспортирани од вода.“

Хигсовиот бозон

Научно-технолошка приказна на годината беше драматична вест дека физичарите веројатного открија постоењето на Хигсовиот бозон, мистериозна, теоретска честичка која може да објасни како нештата добиваат форма. Џо Искандела од Европската организација за нуклеарно истражување во ЦЕРН – Швајцарија изјави дека тој и неговите колеги „влегле во суштината на вселената“.
Тоа е вид на експеримент потрага по една од најретките честички некогаш создадени. Значи, имајќи го тоа на ум, станува збор за прелиминарни резултати. Но мислиме дека таа е многу силна и цврста, инаку ние не би ја претставиле.

„Тоа е вид на експеримент, потрага по една од најретките честички некогаш создадени. Значи, имајќи го тоа на ум, станува збор за прелиминарни резултати. Но мислиме дека таа е многу силна и цврста, инаку ние не би ја претставиле.“

Последните наоди покажаа дека честичката се вклопува во стандардниот модел на физиката.
Дури и ако Хигсов бозон не е честичка која би можеле да помогне да се објасни постоењето на темната материја, откритието е опишано како еден од најголемите во физиката во последните 100 години.

Највисоката температура и најмалата жаба

Друг жежок настан беше кога истражувачите на Брукхевен Националната лабораторија во САД произведоа највисока вештачка температура досега. Станува збор за 4 трилиони степени Целзиусови или око 250.000 пати потопла од јадрото на сонцето. Оваа температура траеше само дел од секунда, при што научниците скршија јони на злато. Далеку од лабораторија, пак научниците и оваа година го потврди откривањето на најмалиот познат рбетник - нов вид жаба која живее во дождовните шуми на Нова Гвинеја. Жабата е голема 7,7 милиметри, однсоно колку една домашна мува.

Има уште многу, како експериментот, комбинација на науката и технологијата, за 3Д печатницата, потоа небескиот нуркач Феликс Баумгартнер кој паѓаше од работ на светот, нурнувањето на 11 километри на дното на Тихиот океан или пак студијата која ја доведе науката до чекор до создавање вештачки црн дроб.

Своевиден бум доживеаа и мобилните уреди и екрани на допир. Посебно во 2012 беше зголемена продажбата на таблет компјутерите што ќе продолжи и во следните години.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG