Достапни линкови

Опозицијата не ја дава собраниската говорница


Опозицијата сè уште ја држи во заложништво собраниската говорница. Опозициските пратеници тврдат дека во собранието има 20 специјалци кои се дојдени со намера да ги отстранат пратениците од говорница. Собраниските служби тврдат дека такво нешто нема, но околу собранието е очевидно големо присуство на специјални полициски единици. Собраниските редари се обидоа да ги избркаат и новинарите од галеријата за следење на седниците, но по негодувањето на опозициските пратеници, новинарите останаа да го следат настанот.

Претходно, во меѓусебните турканици настрадаа и пратеничките од опозицијата, Весна Бендеска и Билјана Казанџиска, кои со итна помош се пренесени во Ургентниот центар. Од СДСМ велат дека повредите се добиени од обезбедувањето на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
XS
SM
MD
LG