Достапни линкови

logo-print

Уапсен Командант Коки


Macedonia - Police, Skopje, undated

Macedonia - Police, Skopje, undated

Полицијата ноќеска во СКопје приведе 35-годишен скопјанец, со прекар Командант Коки. Полицијата соопшти дека има основан сомнеж дека уапсениот извршил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. Според МВР, полицајци го запреле неговото возило и кога побарале да се легитимира „осомничениот започнал да ги навредува полициските службеници заканувајќи им се со одмазда откако ќе дошол на власт“ и нападнал еден полицаец. Од ударите во глава еден од полициските службеници се здобил со контузија по што е пренесен во Градската општа болница каде од страна на докторите е констатиран потрес на мозокот и тој е задржан на натамошно лекување, се вели во соопштението од полицијата.
XS
SM
MD
LG