Достапни линкови

Протестите за буџетот опасни


Протестите пред Собранието на повеќе групи кои протестираат во одбрана на сосема спротивните ставови во однос на донесувањето на буџетот за наредната година, ги прави овие протести поопасни од секои други кои се вообичаени и прифатливи за демократијата, велат аналитичарите.

Да се надеваме дека денешниот ден ќе заврши мирно и работите нема да излезат од контрола, ги коментираат експертите денешните настани пред Собранието каде што од рано изутрина се случуваат мали инциденти меѓу повеќето групи кои протестираат во одбрана на сосема спротивните ставови во однос на донесувањето на буџетот за наредната година. Тоа и ги прави овие протести поопасни од секои други кои се вообичаени и прифатливи за демократијата, вели професорот Никола Дујоски.
Демократското право да се штрајкува и да се изразуваат протести е неспорно, тоа е во ред во секоја демократија. Никогаш не е препорачливо две групи кои имаат сосема различни ставови, гледате дека им се сосема спротивни ставовите да бидат во исто време и на исто место, тоа може да предизвика дополнителни тензии.

„Демократското право да се штрајкува и да се изразуваат протести е неспорно, тоа е во ред во секоја демократија. Никогаш не е препорачливо две групи кои имаат сосема различни ставови, гледате дека им се сосема спротивни ставовите да бидат во исто време и на исто место, тоа може да предизвика дополнителни тензии.“

Три можно опции се прифатливи, за кој треба да се определат, или да се прифатат амандманите во целост, од страна на парламентарното мнозинство или да се постигне политики дијалог за тоа што треба да се прифати, а што не, или да се расправа по амандманите, а тоа значи да расправаат прво комисиите кои се надлежни, а потоа Собранието на пленарна седница да се произнесе.
Во конкретниот случај загрижува целата постапка која се спроведува за усвојување на буџетот, вели професорот Осман Кадриу, затоа што се спротивни на уставот и постојната законска регулатива. Актуелните настани околу собранието не даваат за право на нив да се гледа како на практикување на демократијата, додава Кадриу. Тој е длабоко убеден дека станува збор за злоупотреба на одредени групи граѓани кои протестираат за поскоро донесување на буџетот кои напротив би добиле поголеми привилегии доколку се прифатат дел од амандманите. Можност за попуштање постои и на двете страни, велат експертите. Меѓу другото, законската регулатива овозможува непречено функционирање на сите институции и дејности од страна на државата преку времено финансирање. Тоа на што се надеваат експертите е двете страни да се согласат на дијалог кој би бил единствено решение на проблемот.

„Три можно опции се прифатливи, за кој треба да се определат, или да се прифатат амандманите во целост, од страна на парламентарното мнозинство или да се постигне политики дијалог за тоа што треба да се прифати, а што не, или да се расправа по амандманите, а тоа значи да расправаат прво комисиите кои се надлежни, а потоа Собранието на пленарна седница да се произнесе.“

Од овие три можности треба една да се избере, апелира професорот Кадриу зошто се друго би било насилничко однесување на буџетот и сериозен напад врз уставот и уставниот поредок на земјата и ако тоа се случи ќе се случат и нарушување на односите и состојбите во државата ќе се доведе во прашање самата демократија и вредностите на уставниот поредок а последиците ќе бидат несогледливи за безбедноста на земјата и на граѓаните а не е ни чудно се да заврши со улична демократија чии последици не можат да се предвидат, заклучува Кадриу.
XS
SM
MD
LG