Достапни линкови

Протести, камења и тензии пред Собранието


Илјадници луѓе обединети во неколку групи протестираат пред Собранието поради буџетот за идната годона. Едни изразуваат револт против опозицијата поради блокадата на буџетот, а приврзаниците на опозицијата искажуваат поддршка на опозициските ставови.

Приврзаници на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ спротивставени пред Градската болница во Скопје, во близина на Собранието, а Народниот фронт за Македонија пред Трумфалната порта. Меѓу нив силно полициско обезбедување. Одвреме навреме над главите ќе им прелета некој камен, јаболко или шише. Приврзаниците на власта изразуваат револт против опозицијата поради блокадата на буџетот, а оние на опозицијата искажуваат поддршка на опозициските ставови. Луѓето пак собрани во Фронт на народот, фронт за Македонија бараат итно да се спречат блокадите на Собранието и да се донесе буџетот, без никаква уцена од опозицијата.
Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.


Собранието е под силно полициско обезбедување, а сообраќајот во центрарот на градот е блокиран.
Опозициските пратеници се уште чекаат во собрансикиот ходник во очекување на почетокот на 49-та седница на која на дневен ред не е ставен новиот предлог буџет. Тие велат дека се подготвени да спречат на оваа седница да се разговара за буџетот. Пратениците не знаат што прво ќе стартува дали седницата или координаторите на пратеничките групи ќе бидат повикани на координациите кај претседателот Трајко Вељаноски.

Собранието е под силно полициско обезбедување, а сообраќајот во центрарот на градот е блокиран.

Во меѓусебните пресметки настрада и еден повозрасен скопјанец, кој е повреден со камен и пренесен во Градската болница, а повредена е и една фоторепортерка.

Повеќе од еден месец во Собранието трае расправата за буџетот, но без успех. Власта вчера го донесе дополнетиот Предлог на буџетот за 2013 година и го достави до Собранието на усвојување.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG