Достапни линкови

Спорадични инциденти на протестите во Скопје


архива

архива

Во близина на Собранието на Македонија денеска се собрани групи граѓани, едни за да изразат револт поради блокада на буџетот од страна на опозицијата, а други за да искажат поддршка на опозициските ставови во врска со државната каса. Најтензично, како што јавува МИА, било зад Градската болница каде што два кордона ги одвојувале приврзаниците на спротвставените групи. Дошло и до спорадични инциденти при што групите фрлале со пластични шишиња и камења и било повредено едно лице. Собранието е под силно полициско обезбедување, а сообраќајот во централното подрачје е пренасочен. Во Парламентот од вчера попладне се пратеници на опозицијата кои најавија дека ќе ја блокираат денешната седница за да се спречи дебата за буџетот.
XS
SM
MD
LG