Достапни линкови

САД: Буџетската блокада ја урна цената на нафтата


Загриженоста околу неуспехот на законодавците на САД да го донесат буџетот и да ја избегнат тн фискална бариера денеска ја симна цената на нафтата. Цената на нафтата за февруарската испорака падна 14 центи на 88,52 долари за барел во трговијата со Азија. Трговците се загрижени за политичкиот ќорсокак во Вашингтон и надминувањето на фискалната бариера што ќе резултира со длабоко намалување на
трошоците и зголемување на даноците. Економистите предупредуваат дека ако тоа се случи, ќе ја фрли американската економија во рецесија што ќе се почувствува во целиот свет.
XS
SM
MD
LG