Достапни линкови

Путин во посета на Индија


Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска престојува во Индија при што се очекува потпишување на важни економски и одбранбени договори. Во текот на средбите со индискиот претседател, Манмохан Синг и со други индиски претставници, се очекува да бидат потпишани договори од областа на енергетиката, трговијата и технологијата. Eден од главните договори од областа на одбраната се однесува на 40 борбени авиони „Сухој“ и 50 вооружени хеликоптери. Билатералната трговија меѓу двете земји во моментов изнесува 10 милијарди долари.
XS
SM
MD
LG