Достапни линкови

logo-print

Египетската опозиција се жали на „фалсификуван референдум“


Пребројување на гласовите од референдумот во Египет.

Пребројување на гласовите од референдумот во Египет.

Секуларната опозиција во Египет тврди дека е фалсификуван референдумот со кој, според владејачките исламисти, е прифатен новиот устав. Опозицискиот Национален ослободителен фронт соопшти дека ќе поднесе жалба на резултатите од референдумот, зашто, според нив, „измамите и нарушувањата“ влијаеле на резултатите. Тие побараа од државната изборна комисија да ги истражи нерегуларностите пред да ги објави конечните резултати. Вториот круг од референдумот се одржа вчера. Германија е првата западна земја што ги поддржа барањата на опозицијата. Египетската државна новинска агенција Ал Ахрам веќе објави „убедлива победа“. Повикувајќи се на првичните резултати, тие објавија дека новиот устав добил поддршка од 64 отсто од гласачите. Државната изборна комисија утре треба да ги објави конечните резултати.
XS
SM
MD
LG