Достапни линкови

Фронт на народот за критики кон опозицијата


Иницијативата „Фронт на народот, фронт за Македонија“ денеска побара итно спречување на блокадите во Собранието на Република Македонија и донесување на буџетот на државата. Очекуваат опозицијата итно да престане да го држи во заложништво народот и да го ослободат буџетот без никаква уцена. Иницијативата Фронт на народот, фронт за Македонија, како што објави државната новинска агенција МИА, ја поддржуваат луѓе од различни сфери од општеството, земјоделци, актери, уметници, професори, претставници на граѓани, лица кои примаат социјална помош, пензионери, студенти...
XS
SM
MD
LG