Достапни линкови

Груевски - Опозицијата да престане со собранискиот џумбус


Премиерот Никола Груевски на собраниската седница на која се гласаше за доверба на Владата на 5 октомври 2012 година.

Премиерот Никола Груевски на собраниската седница на која се гласаше за доверба на Владата на 5 октомври 2012 година.

Премиерот Никола Груевски денеска апелираше, како што рече, не само како политичар и премиер, туку пред сè и како човек и како граѓанин на оваа држава, опозицијата да престане со, како што го нарече, џумбусот во Собранието и да дозволи одблокирање на буџетот.

„Доаѓа Нова година, луѓето наместо да се опуштени, да се подготвуваат за дочек итн., многу од нив живеат во грч дали ќе има плати, пензии, субвенции следната година, дали ќе се догради некоја болница што е започната итн., така што апелирам, ако не го сакаат Никола Груевски или ако не го сакаат ВМРО-ДПМНЕ тоа е една работа, нека се расправаат со нас, нека не напаѓаат, нека плукаат... Тоа е политичка битка, јас ќе се бранам, ќе одговорам на сè и ќе објаснам за сè како и што работам. Но, ако продолжат вака да ги ставаат во залог граѓаните, тоа се два милиони живи души Македонци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи итн., тоа не е добро. Ставање во залог на два милиони граѓани навистина е некоректно од страна на опозицијата и штетно за земјата и за самите граѓани“, изјави премиерот Груевски кој денеска е во посета на Гевгелија.

Тој рече дека опозицијата можеби не се согласува со она што го прави владата и оти тоа е нормално.

„Ние излеговме на избори, дадовме програма, тие дадоа програма, луѓето ги погледнаа програмите, мнозинството гласаше за програмата што ние ја предложивме. Нормално е дека тој буџет треба да се усвои во правец на поддршка на таа програма што ја гласале граѓаните пред само една година и половина“, изјави Груевски.

Тој рече дека смета дека не е потребно одржување лидерска средба за деблокирање на носењето на буџетот, бидејќи причина за блокадата е суетата на лидерот на опозициската СДСМ.

„Не се работи за лидерска средба, се работи за суетата на еден човек, тоа е Бранко Црвенковски и за неговиот политички опстанок“, изјави Груевски.

Ние, додаде тој, дадовме четири предлози за компромис за буџетот и сите ги одбија.
XS
SM
MD
LG