Достапни линкови

logo-print

Комисијата за финансирање и буџет денеска нема да заседава


Собраниска комисија за финансирање и буџет. Претседателот на Комисијата Марјанчо Николов.

Собраниска комисија за финансирање и буџет. Претседателот на Комисијата Марјанчо Николов.

Пратениците од опозицијата денеска на пладне наидоа на затворени врати на собраниската сала во која требаше да се одржи продолжение на седницата на Комисијата за финансирање и буџет. Од кабинетот на претседателот Вељаноски биле информирани дека нема ниту усмено ниту писмено известување за закажување на продолжението на седницата на Комисијата на која се расправа за предлог буџетот за 2013 година, пренесува телевизија Телма.

Синоќа, претседателот на Комисијата Марјанчо Николов најави продолжение на работата на Комисијата за денеска во 12 часот со повик до претставник на Владата да присуствува на седницата со цел побрзо да се разгледаат амандманите на буџетот.

Ниту на собранискиот сајт нема најава дека ќе има седница. На официјалната интернет странa на Собранието пишува дека за денеска не се закажани седници на работните тела, ниту пленарна седница.
XS
SM
MD
LG