Достапни линкови

Монти подготвен да ја предводи идната италијанска влада


Вршителот на должност италијански премиер Марио Монти

Вршителот на должност италијански премиер Марио Монти

Вршителот на должност италијански премиер Марио Монти рече дека е подготвен да ја води државата или да биде дел од идната влада. Не заземам ничија страна, но подготвен сум да ја преземам одговорноста ако тоа го побара идниот парламент, рече Монти во првото негово обраќање по оставката што ја поднесе во петокот. Тој рече дека ќе размисли дали ќе се кандидира на изборите, ако тоа биде побарано од него „од кредибилна политичка сила“.

Поранешниот еврокомесар Монти беше особено критичен кон неговиот претходник Силвио Берлускони, отфрлајќи ја неговата понуда да ги предводи италијанските конзервативци на парламентарните избори во февруари. Тој ги предупреди Италијанците да се пазат од популистичките политики на Берлускони и од неговите предизборни ветувања дека ќе ги намали даноците во тешки времиња за јавните финансии.

Монти поднесе оставка откако ја загуби поддршката во парламентот од партијата на Берлускони, но претседателот Џорџо Наполитано побара од него да ја води владата до одржувањето на изборите.
XS
SM
MD
LG