Достапни линкови

Американска петиција за санкции против руски пратеници


Американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа.

Американскиот претседател Барак Обама во Белата куќа.

Повеќе од 27 илјади луѓе се потпишале на електронската петиција со која се бара воведување санкции за руските пратеници што гласаа за законот со кој им се забранува на американски државјани да посвојуваат руски деца. Рускиот парламент гласаше за законот како реакција на тоа што САД донесоа закон за воведување санкции против руски државјани кои се поврзуваат со кршење на човековите права. Белата куќа вети дека ќе одговори на сите барања за кои ќе се соберат повеќе од 25 илјади потписи за 30 дена. Петицијата беше активно промовирана на руските социјални мрежи. Руската опозиција е гневна на законот со кој им се забранува на државјани на САД да посвојуваат деца од Русија, што минатата недела помина во второ читање во државната Дума. Сенатот треба да гласа за законот за три дена.
XS
SM
MD
LG