Достапни линкови

Гневни демонстранти бараат воведување смртна казна во Индија


Полицијата во главниот град на Индија Њу Делхи втор ден по ред користи водени топови и гумени палки да ги растера гневните демонстранти.

Полицијата во главниот град на Индија Њу Делхи втор ден по ред користи водени топови и гумени палки да ги растера гневните демонстранти.

Полицијата во главниот град на Индија Њу Делхи втор ден по ред користи водени топови и гумени палки да ги растера гневните демонстранти кои протестираат поради бруталното претепување и силување на 23-годишна студентка што се случи на 16 декември. Демонстрантите бараат смртна казна за шестемина обвинети дека ја силувале девојката, а потоа ја фрлиле неа и нејзиното момче од автобус во движење. Девојката, која е тешко повредена, е на лекување во болница во Њу Делхи. Таа сепак им раскажала на полицајците што се случило. Група демонстранти кампуваат пред резуденцијата на лидерката на владејачката Конгресна партија Соња Ганди. Еден од индиските министри соопшти дека властите ќе разгледаат воведување на смртна казна за „најретките од ретките случаи на силување“.
XS
SM
MD
LG