Достапни линкови

Сервер - Српската платформа за Косово ќе ги отежне преговорите со Приштина


Даниел Сервер, професор по меѓународни односи на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“ и добар познавач на состојбите на Балканот.

Даниел Сервер, професор по меѓународни односи на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“ и добар познавач на состојбите на Балканот.

Српската платформа за Косово во голема мера ќе ги отежне преговорите меѓу Белград и Приштина, смета професорот по меѓународни односи на американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“ и добар познавач на состојбите на Балканот, Даниел Сервер.

„Сметам дека платформата е реална позиција на Белград и покажува што всушност сака Србија. Овој документ ги прави преговорите многу потешки“, изјави Сервер, нагласувајќи дека Уставот на Србија и онака ја прави позицијата на преговарачите речиси невозможна.

Американскиот аналитичар истакна дека српскиот премиер Ивица Дачиќ досега со тешкото прашање за Косово, кое му е „дадено во раце“, се справува на начин кој ветувал резултат. Николиќ сега му ја даде платформата која со гаранција ќе биде неуспешна, истакна Сервер за денешното издание на белградска „Политика“.

Весникот потсетува дека пред неколку дена на својот блог Сервер остро ја критукувал платформата, оценувајќи ја како „џиновски чекор наназад“. Констатирал, исто така, дека новата влада, која според него повлекла некои ветувачки потези, „не успева да го прифати фактот за независно и суверено Косово“.

Сервер заклучува дека и покрај тоа што Србија го загубила суверенитетот врз Косово, таа има легитимен интерес да ги штити косовските Срби.
XS
SM
MD
LG