Достапни линкови

Османи:Македонија е зрела за широка коалиција


„Македонија е зрела за влада на широка коалиција, како во 2001-та година за реализација на две цели- консензус за спорот со името со Грција и техничка влада која ќе создаде нормални услови за фер, демократски и предвремени избори заедно со локалните избори“ изјави лидерот на Националната демократска преродба, Руфи Османи, на првиот партиски конгрес што го одржаа денеска во Тетово. Доколку не се случи тоа, смета Османи, земјата ќе се соочи со блокади од сите видови, почнувајќи од буџетот и законот за бранителите па се до институционална и демократска криза. Тој потврди уште еднаш дека на локалните избори во општините со мнозинско албанско население, како партија ќе настапат самостојно.
XS
SM
MD
LG