Достапни линкови

logo-print

Папата го помилува својот поранешен батлер


Папата Бенедикт Шеснаесетти го помилува неговиот поранешен батлер, Паоло Габриле кој во октомври беше осуден на 18 месечна казна откако и самиот призна дека крадел доверливи документи од Папата и им ги доставувал на медиумите. Папата го посети Габриеле денеска изутрина, по што тој беше ослободен. Шетириесетгосишниот Габриеле, работеше шест години за Папата но сега нема да му биде дозволено да живее или работи во ватикан. Сепак, портпаролот на Папата рече дека нему ќе му биде понудена помош за отпочнување на нов живот. Габриеле веќе појасни дека им ги давал на увид доверливите документи на Ватикан, на медиумите, затоа што не бил уверен дека Папата има вистински увид во злоупотребите во Ватикан.
XS
SM
MD
LG