Достапни линкови

Предмети од Бен Али на продажба


Премиерот на Тунис, Хамди Џебали ја отвори продажната изложба на премети кои му припаѓале на соборениот претседател Бел Али од што се очекува дека ќе бидат собрани најмалку 10 милиони евра за државниот буџет. Изложбата е организирана во еден хотел во предградието на Тунис а на продажба се ставени четириесетина луксузни автомобили, илјадници делови од облеката, украси, накит и уметнички дела. Бен Али е симнат од власт по бунтот кој траеше од декември 2010 година до средината на јануари 2011 година кој претставуваше почеток на „арапската пролет“.
XS
SM
MD
LG