Достапни линкови

Индија: полицијата се судри со демонстрантите


Полицијата употреби палки и солзавец во главниот индиски град Њу Делхи за да ги растера демонстрантите кои бараат заштита на жените по ужасното силување на студентка минатата недела. Демонстрантите извикуваа „обесете ги силувачите“ и “сакаме правда“. Полицијата соопшти дека демонстрациите преминале во марш на непослушните откако демонстрантите ги пробиле полициските барикади и се упатиле кон претседателската врезиденција. Национална навреда предизвика случајот н асилуваната 23 годишна жена во автобус која по бруталниот чин беше исфрлена од автобусот во движење заедно со своето момче. Жената е во болница во Њу Делхи а шестмина се осомничени и приведени.
XS
SM
MD
LG