Достапни линкови

logo-print

Русија и ЕУ: повик за разговори за Блискиот Исток


Русија и Европската Унија упатија заеднички повик за директни преговори меѓу Израел и палестинските власти без предуслови. Заедничката изјава на Сергеј Лавров и Кетрин Ештон е објавена денеска на веб страницата на рускиот министер за надворешни работи. Во неа се повикува на „храбри и конкретни чекори за решавање на израелско-палестинскиот конфликт“. Во неа исто така се вели дека Русија и ЕУ силно се противат на секое проширување на израелските населби на Западниот Брег.
XS
SM
MD
LG