Достапни линкови

Севернокорејскиот лидер побара помоќни ракети


Севернокорејскиот лидер, Ким Јонг Ун нареди изградба на помоќни ракети, јавија денеска севернокорејските медиуми. Ким ја изрече наредбата на средбата со научниците и техничарите на 21 декември. “Треба да се изградат поефикасни сателити и ракетни носачи со поголем капацитет“ , рече Јонг. Во почетокот на месецов Северна Кореја успешно употреби ракета со долг опсег за да постави свој сателит во орбитата. Лансирањето беше осудено од страна на САД и на Јужна Кореја како тест на балистички проектили што е забрането со резолуција на Советот за безбедност на ООН.
XS
SM
MD
LG