Достапни линкови

Египет:втор круг од референдумот за новиот Устав


Во Египет се отворија гласачките места за вториот и последен круг од референдумот за новиот Устав. Противниците на новиот устав велат дека тој ги фаворизира правата на исламистичките партии а ги маргинализира христијаните , другите малцинства и жените. Претседателот Мухамед Морси е на стојалиште дека донесувањето на уставот е од суштинско значење за придвижување на Египет кон демократски систем. Протестите меѓу поддржувачите и против ниците на Уставот предизвикаа насилство во петокот. Неофицијални информации во државните медиуми говорат за тоа дека 57 насто од граѓаните го поддржуваат новиот устав.
XS
SM
MD
LG