Достапни линкови

logo-print

Сенатот одобри 633 милијарди долари за одбраната


Американскиот Сенат ноќеска одобри буџет за Пентагон во износ од 633 милијарди долари, или речиси во рамките на она што го бараше американскито претседател Барак Обама. Претставничкиот дом еден ден претходно го прифати предлогот на тој закон со огромно мнозинство. Покрај вообичаените расходи за одбраната, законот предвидува остри економски санкции против Иран, дополнителни средства за војната во Авганистан и распоредување на дополнителни америкнаки сили ширум светот поради заштита на дипломатско-конзуларните претставништва на САД. Со законот за буџетот за одбраната се предвидува и зголемување на платите за 1,7 насто кај Вооружените сили и издвојување на средства за нови бродови, авиони и друго вооружување.
XS
SM
MD
LG