Достапни линкови

logo-print

Џон Кери, нов државен секретар на САД


Хилари Клинтон и Џон Кери

Хилари Клинтон и Џон Кери

Американскиот претседател Барак Обама се очекува денеска да го наименува сенаторот Џон Кери за нов државен секретар. Доколку предлогот биде прифатен од Сенатот, Кери на таа функција ќе ја замени Хилари Клинтон која претходно најави дека се повлекува. Кери е претседател на сенатскиот комитет за надворешни односи, а во 2004 година беше претседателски кандидат на Демократската партија, но загуби од републиканецот Џорџ Буш. 69 годишниот Кери кој е ветеран од војната во Виетнам и веќе 30 години е сенатор му беше и советник на Обама за надворешни односи.
XS
SM
MD
LG