Достапни линкови

logo-print

Груевски: Црвенковски работи за личен интерес


премиерот Никола Груевски

премиерот Никола Груевски

„СДСМ има неразумно и штетно однесување за граѓаните и за Македонија. Главната цел на Бранко Црвенковски е ако може да се извлече на овие локални избори и да не излезе на изборите и на тој начин да прикаже пред партијата дека не претрпел нов пораз и оти не треба да се повлекува од претседателската позиција“, ова го изјави премиерот Никола Груевски по денешната средба на лидерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“. Според него, очигледно било дека Црвенковски сакал да се направи хаотична ситуација и да се направи криза во земјата и оти било нелогично СДСМ да бара по изборниот пораз да се прифати нивната програма за буџетот. Груевски додаде дека на Македонија во врска со задолженоста, не и се заканува никакво грчкото сценарио.
XS
SM
MD
LG