Достапни линкови

Ставрески: заемот од СБ да се кориси по изборите


Зоран Ставрески

Зоран Ставрески

„СДСМ освен што го кочи донесувањето на буџетот, го кочи и неговото финансирањето, односно земањето на евтините средства од Светска банка кои се неопходни за финансирање на Буџетот за 2013 година“, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по денешната лидерска средба на коалицијата „За подобра Македонија“. Според него, СДСМ изнесува невистини дека тие средства ќе се користат пред избори за други намени и слично. „Еве денеска му нудиме на СДСМ тие 250 милиони евра да ги ставиме на посебна сметка кај Народна банка. Во договорот, доколку се согласува СДСМ, ќе стои дека тие средства не можат да се користат до завршување на изборите освен во делот на отплата на обврските кон странство вклучително и обврзницата“, изјави Ставрески.
XS
SM
MD
LG