Достапни линкови

logo-print

Македонија 2012- можности и закани за младите


Марјан Забрчанец, активист.

Марјан Забрчанец, активист.

2012 беше уште една стресна година за младите во Македонија. Иако црните точки би можеле да ги набројуваме и анализираме низ бесконечни текстови, неопходно е да ги лоцираме и позитивните моменти, за да знаеме кои се можностите кои ја заслужуваат нашата поддршка догодина.

21.12.12 помина, „куртуливме”. Ајде сега да се вратиме назад на реалноста, да почнеме да анализираме што им се случи на младите во 2012, што треба да пофалиме, од што да се плашиме?! За што треба да сме свесни како превентива за 2013 година? Како да ги позиционираме младите на поважно место во општеството во 2013 година?
Почитување меѓу различните млади и различните граѓани ќе биде возможно единствено доколку партиските раководства се откажат од процент од својот рејтинг во интерес на толку спомнуваниот соживот.

2012 беше уште една стресна година за младите во Македонија. Иако црните точки би можеле да ги набројуваме и анализираме низ бесконечни текстови, неопходно е да ги лоцираме и позитивните моменти, за да знаеме кои се можностите кои ја заслужуваат нашата поддршка догодина. Четири закани и четири можности кои им донесе 2012 на младите во Македонија, тоа е темата на овој текст.

Можност 1 – Демонстритрано основно ниво на свесна, критична и толерантна младина

И покрај трендот на промовирање поделби, различности и сегрегација, 2012 извади на површина неколку младински јадра кои покажаа доволно активизам да биде препознаен и поддржан во иднина. Тие младински јадра, здружени или разбиени, во неколку наврати храбро и можеби сизифовски се спротиставија на налетот на етикетирањата, омразата и насилството. Без да ставам огради на злите зуења околу овие младински јадра и без да ги анализирам ефектите од нивното постоење, ќе потенцирам дека илјадници млади во 2012 година застанаа на страната на толеранцијата преку неколку јасни, видливи и храбри потези: маршот за мир во март, серијата ЛГБТ јавни акции кои кулминираа со отворањето на ЛГБТ центар и со храбриот Марш за толеранција во ноември, како и помалите, но препознаени интервенции за одбрана од налетот на национализмот, заштитата на јавните простори и заштитата на маргинализираните групи во општеството. Овие групи заслужуваат внимание и поддршка бидејќи се гаранција за поголема толеранција во 2013 година.

Можност 2 – Критична маса “На точак”

2012 донесе ново здружување, малубројно, но видливо, подвижно, на тркала. Велосипедистите во неколку наврати го запреа сообраќајот низ Скопје и побараа основни услови за нивно слободно движење низ новите услови во градот. “На точак” се спротистави на налетот од бандери, билборди, дупки, високи тротоари и непрописно паркирани возила кои се директна закана на безбедноста на велосипедистите и директно се косат со, во последно време пропагираната политика, “во здраво тело, здрав дух”. Бројот на велосипедисти во Македонија се зголемува, а грам свесност треба да обезбеди омасовување на оваа акција во 2013 година.

Можност 3: Национален младински совет на Македонија

Неформалната коалиција Република Млади иницираше процес за основање Национален младински совет на Македонија, како обид за конечна демократизација и унапредување на младинското организирање во државата, платформа за дефинирање на националните младински интереси и нивно вклучување во носењето одлуки. 40тина младински организации постигнаа консензус околу основите на идната национална младинска чадор организација и со поддршка од останатите чинители, реално е да се очекува во текот на 2013 да бидеме сведоци на Основачко собрание на новиот демократски младински дом. Напред млади, нека не ве плаши тоа што некои ќе ви кажат дека немате капацитети. Вие си знаете најдобро.
Со жалење констатирам дека најбројните младински организациони единици се закана, наместо можност за младите. Наместо да иницираат диверзитет, дискусии и промоција на младинските политики меѓу своите партии и во јавност, во 2012 година сведоци бевме на акции од типот “ајвар за секој граѓанин” и “џиновска насмевка направена од луѓе”. Ви се молам, не им продавајте лажни насмевки на младите од Македонија и немојте да користите популистичко-пропагандни ајвар-иницијативи.

Можност 4: Пратеници кои се отворени за унапредување на младинските политики

2012 посведочи за повеќе иницијативи за застапување кои ги унапредуваат младинските политики. Моите лични искуства лоцираа неколку пратеници од Собранието на Република Македонија, кои демонстрираа капацитет и основно ниво на интерес за решавање на крупни младински прашања. Александар Спасеновски, Гордан Георгиев, Лилјана Поповска и Ивон Величковски се ликовите од Парламентот кои секогаш беа достапни на телефон, одговараа на мејлови и ни дадоа надеж дека ќе успееме да основаме Национален младински совет. Иако овој избор се темели на моите лични искуства, знам за позитивни искуства и на други младински активисти и организации со овие пратеници. При изборот пратениците кои одлучив да ги истакнам воопшто не ги зедов во предвид Илија Димовски и Маринела Тушева, поради моите лични и приватни контакти со нив. Но, да нема забуни, сите треба да бидеме внимателни во комунукацијата со пратениците, зошто секогаш постои ризик нивната конструктивност од можност да се претвори во закана.

Закана 1: Политки на поделби

Заканава не е нова, но во 2012 се продлабочи и кулминираше со интензивен говор на омраза меѓу младите од различни етнички, верски и политички заедници, а сведоци бевме и на насилство и крв. Решевањето на овој сериозен државен проблем бара внимателност и толеранција од сите нас, но најмногу бара радикална промена во комуникациите и акциите на политичките елити. Почитување меѓу различните млади и различните граѓани ќе биде возможно единствено доколку партиските раководства се откажат од процент од својот рејтинг во интерес на толку спомнуваниот соживот.

Закана 2: Подмладоците на политичките партии

Со жалење констатирам дека најбројните младински организациони единици се закана, наместо можност за младите. Наместо да иницираат диверзитет, дискусии и промоција на младинските политики меѓу своите партии и во јавност, во 2012 година сведоци бевме на акции од типот “ајвар за секој граѓанин” и “џиновска насмевка направена од луѓе”. Ви се молам, не им продавајте лажни насмевки на младите од Македонија и немојте да користите популистичко-пропагандни ајвар-иницијативи. Од вас, како најбројни и “најмоќни” младински организации во државата се очекуваат компетитивни идеи кои директно ја унапредуваат позицијата на младите во општеството.

Закана 3: Агенција за млади спорт
Наместо студетнски „претставници” кои ќе бидат гласни кога во студентските домови нема струја и греење 18 часа во континуитет, кога доцнат стипендиите и кога бубачки се декорот во оброците во студентските мензи, ние редовно се соочуваме со студентски фотелјаши кои се најсреќни кога треба да протестираат против опозицијата. Жално, но ризично и за 2013 година.

Заканата е во насловот на оваа државна институција. Оваа агенција повеќе години наназад се занимава исклучиво со спорт и спортски објекти, а редовно ги игнорира повиците за поддршка на иницијативите со кои се застапуваат промени во младинските политики и младинското организирање. Неопходно е Агенцијата за млади и спорт итно да ги реорганизира своите приоритети и да погледне како живеат младите во Македонија. Ова подразбира анализа на имлементацијата на Националната стратегија за млади од 2005та и итна подготовка за креирање нова стратегија која овој пат ќе ја доживее својата реализација. Ако Агенцијата не е способна за овие процеси, треба веднаш да се затвори или да се преименува во Агенција за спортски објекти, за што веќе постојат други институции. Заканата ќе биде тука и во 2013 година, а мојот совет е Владата да иницира отворање на Министерство за млади, како гаранција дека во Македонија ќе постои одговорна институција која мора да се фокусира на младинските приоритети.

Закана 4: Сојузите на студенти

Оваа закана тлее уште од социјалистичко време и нема никаков напредок на ова поле. Наместо студетнски „претставници” кои ќе бидат гласни кога во студентските домови нема струја и греење 18 часа во континуитет, кога доцнат стипендиите и кога бубачки се декорот во оброците во студентските мензи, ние редовно се соочуваме со студентски фотелјаши кои се најсреќни кога треба да протестираат против опозицијата. Жално, но ризично и за 2013 година.

Претставените можности и закани се мој субјективен став за она што им се случи на младите од Македонија во 2012 година и не мора да значи дека во целост се поклопуваат со ставовите на организацијата во која членувам.
XS
SM
MD
LG