Достапни линкови

Марадона нема да биде селектор на Ирак


Ирачката фудбалска асоцијација ги демантира информациите дека преговараат со Диего Марадона за селектор на репрезентацијата на Ирак. Марадона беше тренер на фудбалскиот клуб Ал Васи од Дубаи, но доби отказ во јули. Марадона е еден од најдобрите фудбалери во светот на сите времиња, но неговиот приватен живот е проследен со серија проблеми, поврзани со дрога и алкохол.
XS
SM
MD
LG