Достапни линкови

Неделен печат - Буџетот и посетата на Нимиц


Една од координативните средби кај претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.
Една од координативните средби кај претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Собраниската криза околу донесувањето на буџетот и најавената посета на Македонија и на Грција на посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц се главни теми во македонските неделници.

Глобус - Буџетот не е воен плен на владеачката партија
Во земјава се води невидена кампања против оние кои бараат Буџетот да биде прифатлив за сите слоеви и да не биде во сопственост на победникот на изборите, кој со него ќе располага неограничено.
Глобус.

Медијаторот Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис на 20 ноември 2012 година во Њујорк.
Медијаторот Метју Нимиц, македонскиот преговарач во спорот Зоран Јолевски и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис на 20 ноември 2012 година во Њујорк.
„Буџетот не е воен плен на владеачката партија“, е насловен текстот во Глобус во кој авторот се осврнува на случувањата во Собранието во врска со расправата за Буџетот за догодина и препукувањата на релација власт - опозиција, користејќи мислења на познавачи на нашите политички состојби. Во земјава се води невидена кампања против оние кои бараат Буџетот да биде прифатлив за сите слоеви и да не биде во сопственост на победникот на изборите, кој со него ќе располага неограничено, пишува Глобус, па додава дека „народот“ со пропаганда се повикува дека ако Буџетот не биде усвоен, доаѓа, во наводници, потопот. Аналитичарите апелираат до политичарите да го корегираат своето однесување и вокабуларот, бидејќи во спротивно, можноста ситуацијата да излезе од контрола ќе се зголеми со наближувањето на кампањата за локалните избори, кога и онака изострениот политички конфликт ќе добие на интензитет, предупредува неделникот.
Ако досега имаше и трошка сомневање, сега повеќе нема дилеми: Македонија мора да го реши спорот со Грција ако сака да почне да преговара со ЕУ. Залудни се сите наши крикови за нанесена неправда и непочитување на меѓународното право. ЕУ функционира според принципи што нема да ги смени поради Македонија.
Граѓански.

Фокус - Нема штедење - за изборите се работи!

„Нема штедење - за изборите се работи!“, го насловува Фокус својот уводник посветен, исто така, на Буџетот, за кој предвидува дека сигурно ќе биде донесен по мерка на власта, со некој прифатен амндман на опозицијата, но кој нема битно да влијае врз желбата, и следните избори да се добијат преку купување гласови со буџетски пари. Штом така наумила власта, така и ќе биде, вели Фокус за да констатира дека оттаму произлегува нервозата во Собранието. После толку години и опозицијата сфати дека дека нема аир од некаква си „пристојност“ по ќефот на власта. Едноставно, од износот на буџетот зависи нејзината судбина на локалните избори, предвидува Фокус.

Република - СДСМ не го брани Буџетот, туку се брани себеси

Република смета дека СДСМ во Собранието не го брани Буџетот, туку се брани себеси. Насилството не е поради грижата за економијата, туку поради грижата за сопствените мандати, пишува Република и предвидува дека Буџетот и локалните избори се загубена битка, па со блокадата се чуваат позициите, па и по цена на народниот леб, завршува драматично неделникот.

Граѓански - Македонија мора да го реши спорот со Грција ако сака да почне да преговара со ЕУ

Пред најавената посета на Нимиц на Македонија и на Грција, некаде по Нова Година, Граѓански посветува повеќе анализи на последниот извештај на Европската комисија во кој по кој знае кој пат на Македонија не и' беше даден датум за почеток на преговори за членство. Неделникот оди со констатацијата дека, ако досега имаше и трошка сомневање, сега повеќе нема дилеми: Македонија мора да го реши спорот со Грција ако сака да почне да преговара со ЕУ. Залудни се сите наши крикови за нанесена неправда и непочитување на меѓународното право. ЕУ функционира според принципи што нема да ги смени поради Македонија, заклучува Граѓански.

Капитал - Прво работа, потоа споменици!, бараат жителите од Радуша и Слупчане

Капитал објавува репортажа од скопското село Радуша и од кумановското Слупчане, чии жители се гневни на државата, а посебно на ДУИ и на другите албански политички партии што немаат елементарни услови за живот и се без работа. Нивната порака до албанските политичари гласи: Дајте ни прво работа, потоа споменици! Економските параметри за овие две села се очајни, забележува „Капитал“ и додава дека најголем проблем се младите, кои не можат да најдат работа, а се' повеќе жители од овие села се иселуваат засекогаш.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG