Достапни линкови

logo-print

Во Брисел почна самитот ЕУ - Русија


Во Брисел започна самитот Русија – Европска Унија. Претседателот на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпуј, на отворањето на состанокот, изјави дека Русија е стратегиски партнер и оти и двете страни имаат заеднички интереси во областа на безбедноста, економијата и прогресот. Рускиот претседател Владимир Путин, пак, изјави дека трговската размена меѓу Русија и Европската Унија изнесува околу 400 милијарди долари и оти отсуството на слободна комуникација меѓу луѓето од двете страни е ограничувачки фактор за натамошниот развој на економските односи. На самитот, покрај за економските прашања, се очекува размена на мислења и за конфликтот во Сирија, како и за други надворешно политички теми.
XS
SM
MD
LG